Erstellt von Emilija Blazeska
vor mehr als 10 Jahre
|
||
Трансформирај ги речениците во бесврзнички:
Мирјана ми е лута бидејќи не дојдов вчера.
Кога ќе дојдеш,тогаш ќе разговараме.
Трансформирај ги речениците во сврзнички:
Дојди, ќе добиеш подарок.
Доаѓа пролетта, затопли времево.
Каков е односот меѓу дел-речениците во сложената реченица:
Крвта му шумеше во главата додека се обидуваше да го пронајде оружјето.
Каков е односот меѓу дел-речениците:
Крушево гореше и светеше во ноќта.
Употреби сврзник за да добиеш зависносложена реченица:
Учи, ќе знаеш.
(може да се менува редоследот на дел-речениците и глаголските форми)
Употреби сврзник за да добиеш независносложена реченица:
Учи, ќе знаеш.
Определи во кој вид сложени реченици спаѓа реченицата:
Доаѓаше повремено, ќе ги ѕирнеше низ прозорецот, долго ќе ги гледаше,па тивко ќе заминеше.
Определи го видот на сложената реченица:
Кога врне, тргнувам по улицата за да уживам во дождот.
Определи ги дел-речениците:
Утрово полека одев покрај езерото,кога одненадеш се намурти небото, почнаа да секаат молњи, а езерото почна да дивее.
Определи ги дел-речениците:
Низ бескрајот патуваат моите мисли за да ги достигнат твоите чекори, но полека јас ја губам силата.
Состави сложена реченица со независен однос од речениците:
Надвор врне. Земам чадор.
Состави сложена реченица со зависен однос од речениците:
Надвор врне. Земам чадор.