Одделување на состојките од смесите
Раздвојување на компонентите во смесите се базира на разликата во физичките својства на пооделните компоненти во смесата. Декантација е постапка за одделувањена компонентите од хетерогена смеса. Таа се базира на разликите во густините на супстанците во смесата, па според тоа, може да се промени само во случаи кога таа разлика е значителна. За раздвојување на две течности кои што не се мешаат се користи т.н. одделителна инка. Филтрацијата е операција која се користи за раздвојување на цврстата супстанца од течноста во хетерогена смеса. Таа се базира на разликата во големината на честичките. За оваа цел потребни се материјали кои се порозни и низ чии пори ќе поминат честичките со помала големина, а ќе се задржат оние со поголема. Таквите материјали се викаат филтри. Течноста која поминува низ порите на филтерот се вика филтрат, а цврстата супстанца што останува на неговата површина се вика талог. Во лабораторијата најчесто се користи филтерна хартија.
¿Quieres crear tus propios Apuntes gratis con GoConqr? Más información.