Criado por Emilija Blazeska
mais de 10 anos atrás
|
||
Questão | Responda |
Трансформирај ги речениците во бесврзнички: Мирјана ми е лута бидејќи не дојдов вчера. Кога ќе дојдеш,тогаш ќе разговараме. | Мирјана ми е лута, не дојдов вчера. Ќе дојдеш, ќе разговараме. |
Трансформирај ги речениците во сврзнички: Дојди, ќе добиеш подарок. Доаѓа пролетта, затопли времево. | Дојди и ќе добиеш подарок. Доаѓа пролетта затоа затопли времево. |
Каков е односот меѓу дел-речениците во сложената реченица: Крвта му шумеше во главата додека се обидуваше да го пронајде оружјето. | -зависен однос; |
Каков е односот меѓу дел-речениците: Крушево гореше и светеше во ноќта. | -независен |
Употреби сврзник за да добиеш зависносложена реченица: Учи, ќе знаеш. (може да се менува редоследот на дел-речениците и глаголските форми) | Учи за да знаеш. Ќе знаеш ако учиш. |
Употреби сврзник за да добиеш независносложена реченица: Учи, ќе знаеш. | Учи и ќе знаеш. Учи, па ќе знаеш. |
Определи во кој вид сложени реченици спаѓа реченицата: Доаѓаше повремено, ќе ги ѕирнеше низ прозорецот, долго ќе ги гледаше,па тивко ќе заминеше. | незвисносложена, сврзничка. |
Определи го видот на сложената реченица: Кога врне, тргнувам по улицата за да уживам во дождот. | зависносложена, сврзничка |
Определи ги дел-речениците: Утрово полека одев покрај езерото,кога одненадеш се намурти небото, почнаа да секаат молњи, а езерото почна да дивее. | Утрово полека одев покрај езерото/1 кога одненадеш се намурти небото/2 почнаа да секаат молњи/3 а езерото почна да дивее./4 |
Определи ги дел-речениците: Низ бескрајот патуваат моите мисли за да ги достигнат твоите чекори, но полека јас ја губам силата. | Низ бескрајот патуваат моите мисли/1 за да ги достигнат твоите чекори,/2 но полека јас ја губам силата./3 |
Состави сложена реченица со независен однос од речениците: Надвор врне. Земам чадор. | Надвор врне и земам чадор. Надвор врне, па земам чадор. |
Состави сложена реченица со зависен однос од речениците: Надвор врне. Земам чадор. | Штом надвор врне, земам чадор. Ако надвор врне, земам чадор. |
Quer criar seus próprios Flashcards gratuitos com GoConqr? Saiba mais.