Erstellt von Emilija Blazeska
vor fast 11 Jahre
|
||
Frage | Antworten |
Пронајди ги дел-речениците во следнава реченица: „Вчера заминав од училиште бидејќи ме болеше главата.“ | Првата дел-реченица е „Вчера заминав од училиште“, а втората е “бидејќи ме болеше главата.“ |
Според составот каква е оваа реченица: „Тој беше преморен од долготрајната работа во каменоломот под жешкото августовско сонце“ | Проста реченица |
Пронајди го удвоениот директен предмет во реченицата: „Тој му ја даде книгата на Марко за да ја прочита до утре.“ | ја, книгата |
Определи ги прилозите во речениците: „Вчера отидовме во Скопје. Тој тивко се прикрадуваше до оградата. понатаму веќе не можеше. | вчера, тивко, понатаму |
Најди ги придавките во реченицата: Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше. | убавата, вредна |
Каква функција врши придавката вредна во реченицата:„Убавата девојка беше вредна, везден нешто работеше“. | именски дел на прирокот |
Дополни ја реченицата за да има предлошки предмет: „Тие разговараа.......“. | за него, за делото, за предметот |
Каква функција врши именката во реченицата: „Ја видов Билјана“. | директен предмет |
Определи ги дел-речениците: „Крушево гореше и светеше во ноќта“ | „Крушево гореше“ „светеше во ноќта“ |
Најди го индиректниот удвоен предмет во реченицата: „Ним им беше сеедно што ќе кажат соседите“ | ним,им |
Кои се кратки и долги заменски форми за индиректен предмет за женски род, еднина | нејзе, и’ |
Каква функција врши показната заменка во реченицата: „Плачат оние планини за мене“ | дел од подметот |
Möchten Sie mit GoConqr kostenlos Ihre eigenen Karteikarten erstellen? Mehr erfahren.